Македонија

Најчевска удри по невладините што ќе прават партија: Се борат за власт не за идеја

Нема верба дека овие новоформирани партии ќе имаат визија и интелектуален капацитет да внесат промена во жабокречината Македонија

Професорката Мирјана Најчевска удри по невладините организации кои најавија дека ќе формираат партија.

Најчевска обвинува дека тие се борат да дојдат на власт а не за идеја.

Таа вели дека лично нема да гласа за новите партии кои ги формираат невладините организации Шанса за Центар и Хуман зелен град.

,,Според мое мислење тие нема да внесат ништо ново на партиската сцена и брзо ќе се претопат во сивилото на актуелните партиски структури”, вели Најчевска која своето мислење го базира на неколку премиси:

1. Не најдоа сили да се обединат и заедно да настапуваат што зборува за внатрешна борба за власт а не за идеја.

2. Ниту една од овие невладини организации не ја ни размисли понудата од Твоја партија да станат дел од веќе формирана партија (со тоа што им беше понудено и раководење со партијата). Тогашниот одговор беше дека не сакаат политички да делуваат.

3. Ниту една од овие невладини организации не го исполни ветувањето дека ќе го повикаат членството да гласа за партија која ќе покаже дека ја поддржува зелената перспектива со тоа што ќе даде одговор на прашалникот кој го испратија до партиите кои учествуваа на изборите во 20024 година. Единствена партија која го одговори прашалникот со јасна визија за зелена перспектива во развојот на Македонија беше Твоја партија.

Најчевска лично, не како член на партија туку како долгогодишен активист нема верба дека овие новоформирани партии ќе имаат визија и интелектуален капацитет да внесат промена во жабокречината Македонија.

Незадоволни што партиите во Собранието не даваат да се намали бројот на потписи за поднесување листи на совети и градоначалници како и од други политички процеси двете невладини најавија дека ќе формираат партија.

 

Фото: ФБ Зелен хуман град

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top