Македонија

Најнова грчка теза: Македонците знаат грчки песни и затоа се Грци

Ако ,,Каподистрија” проанализира дека во грчките лесни се зборува за љубов а во македонските за национални теми ќе му биде јасно што се луѓето кои што пеат за Македонија на македонски јазик

Во пресметката меѓу Македонците и Грците на социјалните мрежи каде неретко покрај обични луѓе учествуваат и ботови на тајни служби и партиски активисти на радикални националистички движења, се појави нова теза за тоа што се Македонците.

 

Профил на социјалната мрежа кој застапува тези на грчките националисти и кој систематски се обидува да докаже дека Македонците се Грци се има голем број следбеници сега тврди дека Сите што во Егејска Македонија чест и играат на грчки песни се Грци.

 

Дефинирајќи го регионот на Леринско како северозапападна Македонија во Грција профилот кој го носи името на првиот грчки премиер вели дека Македонците криеле дека на нивните собири се свири грчка музика со што се докажува дека тие се Грци.

 

,,Скопските пропагандисти и партиски славофони сакаат да ги прикажуваат овие фестивали во северозападна Македонија во Грција како свират словенска музика, но нема да ви ги прикажат како свират и грчка музика. Вистината секогаш е важна!🇬🇷🇬🇷🇬🇷”, пишува профилот.

 

Ако ,,Каподистрија” проанализира дека во грчките песни се зборува за љубов а во македонските за национални и патриотски теми ќе му биде јасно што се луѓето кои што пеат за Македонија на македонски јазик.

 

Неговиот пост на линкот

https://x.com/IoannisKapo1/status/1941887631329230915?t=jQojjUey4yXMN7TAqBPWdw&s=19

 

Пред неколку дена македонските организации на заедничка средба  упатија апел до грчките власти.

Експлодира ли енергијата што тлееше меѓу Македонците во Егејска Македонија?

Се кренаа македонски здруженија во Егејска Македонија: Македонските обичаи нема да згаснат

 

Најнови вести од: Македонија

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

Водичот Мишелин за првпат ќе ја опфати цела Турција – Националниот избор за 2027 година на 3 декември

Гастрономската понуда на Турција ги поврзува богатите регионални традиции со современите кулинарски пристапи. Националниот избор на Водичот Мишелин ќе им овозможи на патниците подобро да ги запознаат и рестораните што го негуваат традиционалното наследство, но и оние што внесуваат нови идеи во турската кујна.

To top