Македонија

Најново антимакедонско лудило од Бугарија: Напад врз великанот Јонче Христовски

Не запираат глупавите тврдења од Софија насочени против Македонците

Деновиве од Бугарија доаѓа најново антимакедонско лудило во кое се објавуваат лаги за великанот Јонче Христовски.

Во објава на бугарската фондација ,,Македонија” која ја води извесниот Виктор Стојанов кому му е забранет влез во земјава се тврди дека великанот на македонската народна песна Јонче Христовски ја напишал една од најубавите македонски песни по наредба на тајните служби.

Од таканаречената фондација тврдат дека службата која ја нарачала песната убивала Бугари.

Докази за ова тврдење нема што за бугарските негатори не е пречка овие лаги да бидат споделувани на социјалните мрежи.

,,Песната „Македонско девојче“ е создадена во 1967 година од Јонче Христовски за потребата од формирање Македонска нација на грбот на Бугарската нација во Вардарска Македонија. Јонче е близок до Управата за државна безбедност во Скопје. Истата УДБ што ги прогонуваше и убиваше Бугарите во Вардарска Македонија”, пишуваат од фондацијата.

Речиси и да не постои човек кој не ја знае ,,Македонско девојче” која е една од најпеаните песни од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа.

Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани а малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”.

„Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски кој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал.

На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Виолета Томовска и Кирил Манчевски.

Поврзана вест

Според ОН бугарските активности против Македонците во Албанија создаваат безбедносни предизвици

Специјален известувач на ОН: Бугарската инструментализација на малцинствата во Албанија е сериозна закана за човековите права и безбедноста

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top