Македонија

Наградата за извлечениот крст од Крива Река Наум Додевски со другарите им ја даде на деветчленото семејство Димитровски од Крива Паланка!

„Воден од хуманоста како главен мотив, младиот Наум Додевски, кој го извлече светиот крст од водите на Крива Река, заедно со тимот млади другари, ја подари наградата, што му беше доделена, на деветчленото семејство Димитровски од Крива Паланка.“ – објави Македонската информативна агенција-МИА.

Младите момчиња, кои годинава учествуваа во традиционалното фрлање по светиот крст во водите на Крива Река, кои се дел од тимот на градоначалникот Сашко Митовски, го известија за намерата за дарување на наградата.

Младите момчиња, кои заедно со градоначалникот на празникот Богојавление – Водици влегоа во осветените води на Крива Река, донесоа одлука добиената награда од овој чин, да му ја предадат на деветчленото семејство Димитровски од Крива Паланка, на кое му е најпотребна поддршка.
„Со големо срце и без двоумење тие решија наградата да му ја дадат на семејството Димитровски. Овој гест преставува вистинска смисла на верата, не само храброст, туку и човечност, солидарност и грижа за другиот.“ – рече Митовски.

Тој нагласи дека е горд што има во Крива Паланка млади луѓе, кои претставуваат пример за добрината, грижата за другиот и заедништвото како најважна вредност на секое здраво општество.

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top