Македонија

Недела на македонската култура во Албанија

Свечено отворена манфистацијата

Пред многубројна публика во Тирана свечено беше отворена Неделата на македонската култура во Албанија, а со овој значаен настан беше одбележана и 35-годишнината од независноста на Македонија.

На присутните им се обрати македонскиот амбасадор во Албанија, Веле Трпевски, кој ги истакна значењето на културната дипломатија и пријателските односи меѓу двете земји.

Обраќање имаше и директорката на Културно-информативнот центар, Ема Попивода, која нагласи дека културата е мост меѓу народите – „таа нè зближува, нè поврзува и нè обединува“.

Програмата беше конципирана во два дела. Во првиот дел Камерниот оркестар „Кон Темпора“, под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ, приреди извонредна изведба на дела од современи македонски автори. Во вториот дел фолклорниот ансамбл „Еуроарт“ ја претстави богатата македонска традиција преку песни и ора, чии членови беа облечени во автентични народни носии стари повеќе од 100 години. Моќната изведба со пет тапани на сцената ја крена публиката на нозе.

„Посебна гордост за сите Македонци е што деновиве на улиците на Тирана се веат македонските знамиња. Македонската култура, традиција и уметност блеснаа во срцето на Тирана“, објави Попивода.

Според програмата, вечерва, во 20 часот, во црквата „Св. Лусија“, концерт ќе одржи Камерниот оркестар „Ајга“, еден од најистакнатите камерни оркестри во Македонија, препознатлив по својот висок уметнички квалитет и експресивните изведби.

Манифестацијата завршува на 6 септември со настанот„Духот на Македонија во Корча“, што ќе се одржи на Старата чаршија во Корча, со разновидна програма преку која македонското културно наследство ќе биде претставено преку фотографија, театар, фолклор и музика.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top