Македонија

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70%

Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти.

Од 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно спогодбата со Министерството за образование и наука, каде ќе се зголемат платите кумулативно од 46 до 52 проценти. Во зависност од развојната политика и економија во Буџет овие проценти можат да бидат и повисоки, истакна претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5, во врска со висината на платите кај просветните работници, Неделков истакна дека е задоволен и оти СОНК во континуитет се труди да ги зголеми платите во образованието.

– Во континуитет се трудиме да ги подигнеме платите во образованието и да дојдеме до нормална висина каде што просветниот работник нема да стравува како ќе го истера месецот од плата до плата. За професорите во средно образование основната плата е околу 40.000 денари, додека за основно образование 38.000 денари. Ова се основите на кои има додатоци за одделенско раководство и други додатоци како минат труд, рече Неделков.

Вели сѐ уште не се усогласени ставовите помеѓу СОНК и Владата за превозот, како и за процентот на регрес за годишен одмор, којшто рече мора да биде повисок од тоа што е во општиот колективен договор.

– За додатокот за класно раководство ги усогласивме ставовите, додека за превоз, за жал, сѐ уште не сме усогласени. Процентот за регресот за годишен одмор не ни утврден, тој мора да биде повисок од тоа што е во општиот колективен договор, е сега, колку е тоа повисок се уште имаме различни толкувања. Јас сум убеден дека по завршувањето на локалните избори ќе се изнајде решение, сега е период за креирање на Буџетот за 2026 година и треба да се предвидат дополнителни средства за овие работи кои што се на преговарачка маса и се од стратешки интерес и од Синдикатот и од Владата. Се надевам дека со новата фискална година од 2027 година дека тие новини ќе се применуваат, рече Неделков.

За тоа како СОНК ја оценува подготвеноста на училиштата за почеток на новата учебна година, Неделков посочи дека дел од наставниците биле на соодветни обуки поврзани со новите наставни програми, додека пак, во врска со инфраструктурата во училиштата ширум земјава нагласи дека е доста подобрена.

– Дел од наставниците беа на соодветни обуки по некои новини кои што се реализираат со новите наставни програми, а во однос на инфраструктурата знам дека доста училишта се инфраструктурно подобрени со реновирани тоалети и училници. Обезбедувањето на наставни средства е дел на организаторите на воспитнообразовниот процес, но гледаме дека изјавите на Министерството за образование се во позитивна насока и останува да видиме. Во овој момент не можеме да кажеме дали сме задоволни или не, како наставници сме спремни, но ќе видиме со кои предизвици ќе се сретнеме, така што оставам простор за дополнително изјаснување, рече Неделков.

Прашан дали наставници на предмети по етика или философија досега пријавиле проблем во СОНК, со оглед на најавата за укинување на тие предмети, Неделков рече дека за среќа досега нема такви укажувања. Тој посочи дека во текот на денешниот ден до СОНК стигнале жалби од страна на наставници кои што сметале дека часовите биле неправилно распределени, но како што рече, тоа се индивидуални случаи.

– Во текот на денешниот ден имаме безброј јавувања и жалби од страна на наши колеги кои што сметаат дека неправилно се распределени часовите во однос на нивното училиште, а можеби на ниво на општина. Тоа се индивидуални случаи кои мораме да ги решаваме, меѓутоа како група наставници на предмети по етика, за среќа, немаме јавувања или укажувања дека имаат проблем со наставни часови, рече Неделков. 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за неговиот син: Антониј примаше инфузии по труењето, но денеска веќе се чувствува многу подобро

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно ги демантираше информациите дека неговиот син Антониј бил во потешка здравствена состојба од останатите ученици по масовното труење во основното училиште Димо Хаџи Димов.

Индустријата со раст од 2,8% – Кои сектори највисоко котираат?!

Раст на производството во октомври на годишно ниво има во: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%.

(Видео): На црн пазар во соседна земја завршиле 2.000 тони пченица и јачмен – учесници кадри од СДСМ

Дали Димковски за овој криминал кој е проценет на близу 800.000 евра, добил дозвола и насока од страна на Заев, Филипче и Николовски? Дали ова трио добило еднаков процент и затоа сега Димковски ќе лежи за овие тројца? Затоа ли од страна на СДСМ се толку гласни за земјоделството, затоа што знаат каков криминал имаат направено, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

To top