Македонија

Нема да има непринципиелен договор со Бугарија – порача премиерот

Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација

„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи нешто што е со векови создавано, што луѓе се жртвувале, имале саможртва итн., тие успеаја за седум години да го распродадат“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски нагласи дека додека е тој претседател на Владата нема да се случат уставните измени, без јасна испорака и обврски и од страна на источниот сосед, како и конкретни гаранции од Европската Унија.

„Никој нема право, ниту пак е фер да очекува дека оваа Влада безусловно ќе го направи тоа, ниту има намера оваа Влада тоа да го направи, додека сум јас претседател на Владата. Тоа треба да е јасно, јас тоа сум го кажал многупати. Ние бараме доследно почитување на меѓународното право, а таму има обврски и нашиот источен сосед. И исто така бараме гаранции и ако навистина ЕУ сака Македонија да ја види во своето друштво, барем малку од тоа што за некои други држави го прави ќе го направи и за нас. И тоа е јасен став“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top