Македонија

Нема веќе „клати врата, земај плата“ во Кавадарци

Градоначалникот најавува проветрување на администрацијата

Преку коректно професионално однесување и со адекватно знаење за работната позиција на општинските службеници, општина Кавадарци ќе обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните. „Држењето“ работни места по партиски, роднински или етнички клуч, заминува во историјата. Градоначалникот Митко Јанчев најавува „проветрување“ на локалната администрација преку посебен мерит-систем кој ги опфаќа сите административци. Веќе е формиран и тим кој работи на анализата и продуктивноста на секој вработен – од почитувањето на кодексот и колективниот договор до неговото однесување, облекување и продуктивноста на работното место.

„Со тоа ќе се оценуваат административните државни службеници, и врз основа на таа оценка, мислам дека 5 проценти од вкупниот број на вработени, можат да добијат и награда. Трипати лоша оценка во годината, значи отпуштање од работа. Немаше храброст досега на никој да му се стави лоша оценка затоа што се очекуваше дека ќе се подобри. Е сега, тоа го најавив дека се’ ќе си биде транспарентно и објективно, и ако некој сам од себе не се срами, јас немам потреба да се срамам за некој друг“, – дециден е Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Особено внимание ќе се посветува и на меѓучовечките односи во колективот, кои често, кога се нарушени, создаваат директни реперкусии врз квалитетот и имиџот на институцијата. А ќе се оценува и односот на службениците кон граѓаните и клиентите. Тој мора да биде или санкциониран, или награден, јавно и транспарентно, без никаква политичка, национална, роднинска или друга заднина, уверува Јанчев.

„Односот на јавната администрација кон граѓаните и кон нашите клиенти, треба да биде на ниво. Не може да биде арогантен, не смее да биде дрзок, без разлика од другата страна граѓанинот на кој начин се обратил“ – категоричен е градоначалникот Јанчев.

Вакви нови мерки за оценување на работата на службениците од јавната локална администрација неодамна најави и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Тој на последната седница на општинскиот Совет кажа дека периодот на хибернација и неработење е завршен и дека сега секој административец ќе треба да си го заслужи своето работно место согласно правилниците за работа.

извор: Алфа тв

Најнови вести од: Македонија

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лога се обидува да ѝ „држи“ на Сиљановска-Давкова, претседателката на РМ и уставно-правен експерт, „јавно предавање“ за правосудниот испит и за непостојната „државотворност на албанскиот народ“?!

„Синоќа во емисијата на ТВ 21 Сиљановска се обиде да ги избегне дискусиите и да ги изигра фактите поврзани, со правосудниот испит, изнесувајќи и неколку ставови, кои веќе се надминати како проблематика. Постои суштинска разлика, што оваа политичка класа со југословенско наследство, претставувана од Сиљановска, треба да ја разбере: албанскиот јазик не е ‘малцински јазик’, како што таа ‘погрешно’ го претставува во континуитет, туку е јазик на околу една третина од населението во оваа држава и на еден од државотворните народи, заедно со македонскиот народ.“ – наведува поранешниот министер за правда од ДУИ Кренар Лога, кој со оваа објава преку фејсбук, всушност, се обидува да ѝ „држи“ на претседателката на Македонија и уставно-правен експерт проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова “јавно предавање“за правосудниот испит и „за државотворноста на албанскиот народ“ (?!) – а таква „државотворност“ не постои како таква уставно-правна категорија во македонската држава, зашто во неа единствено државотворен народ е само македонскиот народ! Неприфатливоста на интонацијата на Лога е и поради тоа што тој недолично фактички ја игнорира функцијата претседателка на Република Македонија и ѝ обраќа на шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова само по презиме.

Николовски: Од септември Скопје ќе ги добие првата делница од Градскиот воз и првите 30 нови автобуси

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Најнови вести

To top