Свет

Трамп ќе го одликува Руди Џулијани со „медал на слободата“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ќе му го додели Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во САД, на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ќе му го додели Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во САД, на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани. Оваа одлука доаѓа два дена по хоспитализацијата на Џулијани поради сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир.

Претседателскиот медал на слободата се доделува на лица кои дале исклучителен придонес за напредокот, вредностите или безбедноста на САД, за светскиот мир или за значајни општествени и јавни заложби.

„Како Претседател на Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Руди Џулијани, најголемиот градоначалник во историјата на Њујорк и подеднакво голем американски патриот, ќе го добие ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ МЕДАЛ НА СЛОБОДАТА, нашето највисоко цивилно признание. Детали за времето и местото ќе следат. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање. ПРАВЕТЕ ЈА АМЕРИКА ПОВТОРНО ВЕЛИКА!!!“ напиша Трамп на Трут Соушл.

Џулијани беше градоначалник на Њујорк од 1994 до 2001 година и стекна национална почит како „Сеамерикански градоначалник“ за неговото лидерство по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Во последните години, Џулијани беше адвокат на Трамп и активно ја поддржуваше неговата кампања за оспорување на резултатите од изборите во 2020 година. Во 2023 година, тој призна дека дал клеветнички изјави за двајца изборни работници од Џорџија, лажно обвинувајќи ги за обид да го „украдат“ изборниот резултат во корист на Џо Бајден. Во јануари 2025 година, федерален судија го прогласи за виновен за непочитување на судот поради неподнесување информации за својата имотна состојба, што би можеле да се искористат за исплата на пресудата за клевета.

На 30 август 2025 година, автомобилот во кој патувал Џулијани бил удрен одзади со голема брзина на автопат во Њу Хемпшир. Тој се здобил со полесни повреди, вклучувајќи фрактура на ‘рбетот, и бил хоспитализиран. Неговиот портпарол, Мајкл Рагуса, изјави на социјалните мрежи дека Џулијани „се чувствува добро и одлично се опоравува“, додавајќи дека несреќата „не била насочен напад“.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top