Македонија

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц во ЕП вели „нема доволен напредок“, а резолуцијата на ПССЕ го „признава напредокот на земјата“?! (1)

Европскиот парламент, Советот на Европа и неговото Парламентарно собрание, нивните известувачи за Македонија, со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц во Европскиот парламент и претходните ставови и оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од Резолуцијата од 29 јануари 2026 година за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Европскиот парламент и на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во овие клучни европски институции. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од споменатата резолуција на ПССЕ од 29 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

„С.Македонија е во моментов во тешка позиција, бидејќи процесот на пристапување е блокиран. И покрај некои позитивни реформи, недоволен е напредокот во реформската агенда на ЕУ, особено во клучните области како што се владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата, е недоволен. Ова се должи… и на недостатокот на долгорочна политичка посветеност.“ – нагласува известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц во годишниот нацрт-извештај за „напредокот на државата“, кој денес, на 26 февруари се претставува пред Комитетот за надворешни работи на (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Само пред пред неколку седмици, на 29 јануари 2026 година Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), решавајќи да го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија, во своја резолуција, „го призна напредокот на земјата во демократијата, владеењето на правото и човековите права од нејзиното пристапување во 1995 година.“ За што станува збор сега, има ли, или нема напредок Македонија?! Од каде ваква битна промена на оценките на Европскиот парламент и Советот на Европа за Македонија само по неколку седмици?! Пред да одговориме на претходниве прашања, да ги сопоставиме внимателно формулациите од 29 јануари и и овие најнови, во предлог-извештајот на Томас Вајц.

Во Резолуцијата, усвоена на 29 јануари, исто така, се наведува: „Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), ги поздрави мерките, преземени од властите за реформа на судството и обвинителските служби, како и работата на владата на нацрт-законите за Судскиот совет, Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители. … ПССЕ ги поздрави и мерките преземени за борба против корупцијата… но останува загрижено за бројните обвинувања за широко распространета корупција низ јавниот сектор… Владата искажува политичка волја и посветеност целосно да ги почитува своите обврски“ преку нејзината континуирана соработка со телата на Советот на Европа, вклучително и Венецијанската комисија.“

Од друга страна, Томас Вајц во својот нацрт-извештај во Европскиот Парламент истакнува: „С.Македонија мора да спроведе реформи, a ЕУ мора да ги исполни своите обврски. … И покрај некои позитивни реформи, недоволен е напредокот во реформската агенда на ЕУ, особено во клучните области како што се владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата, е недоволен. Ова се должи… и на недостатокот на долгорочна политичка посветеност. Не е постигнат напредок во уставните измени, поради загриженост за можни дополнителни билатерални блокади, или барања од Бугарија. Затоа е од суштинско значење сите политички актери во С.Македонија, особено Владата и пратениците од владејачкото мнозинство, да ја препознаат оваа нова итност и да почнат да остваруваат опипливи, убедливи и искрени резултати во овие клучни области без понатамошно одложување.“

Европскиот парламент, Советот на Европа и неговото Парламентарно собрание, нивните известувачи за Македонија, со сите нивни резолуции и извештаи еднаш „поздравуваат и признаваат“, но по две три седмици силно критикуваат дека „не е постигнато ова и она“. Тие првин нагласуваат дека „Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските“, но само по кратко време сега се вели дека „нема долгорочна политичка посветеност“. Најновиот нацрт-извештај на Вајц за Европскиот парламент и претходните резолуциски оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за „има-нема  напредок“ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Европскиот парламент и на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во овие клучни европски институции. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните „признателни“ и „поздравителни“ наводи од споменатата резолуција од 29 јануари и овојпат исфрла на површината став, кој е многу сериозен: „С.Македонија во моментов во тешка позиција, бидејќи процесот на пристапување е блокиран.“

Зад ваквиот став се крие големата, би се рекло, дури и нервоза, што македонската влада и, не случајно се нагласуваат пратениците од владејачкото парламентарно мнозинство, не ги усвојуваат уште веднаш бараните уставни промени во полза на Бугарија! За Вајц, за Европскиот Парламент, но и за Советот на Европа, само тоа ќе бидат „опипливи и убедливи резултати“, ништо друго! 

Потребно е сериозно позиционирање кон овој најнов став на Вајц, кому сигурно не му паднало на памет туку-така да го става во својот нацрт-извештај, за кој се расправа денес, на 26 февруари во Европскиот парламент. Во овој меѓупериод пред Македонија и македонските граѓани ќе стои дилемата: што да се прави натаму, имајќи предвид дека повеќе не се нуди полноправно членство во ЕУ, туку на „играч од европска Б-лига“? За ЕУ, за Европскиот парламент, за Советот на Европа и другите европски институции во случајот со македонската евроинтеграција не се најважни Копенхагенските критериуми, туку уставните промени! Иако единствените пропишани критериуми за членство во евроблокот се само Копенхагенските критериуми.

Во својата научна анализа со наслов „Забрзано пристапување на Украина во ЕУ до 2027 година? Еве три дилеми“, која ја објави на 18 август 2026 година интернет-весникот „ЕУ-опсервер“ од Брисел, покрај другото, д-р Јанис А. Емануилидис е категоричен дека „не смее да се создава членство од втор ред во Европската унија“.  Емануилидис е заменик-извршен директор на Центарот за европска политика во Брисел и директор за студии во оваа многу важна независна тинк-тенк научно-истражувачка организација. Тој е научен експерт за европска политика и истражувач посебно за евроинтеграција и проширување на ЕУ и оттука неговите предупредувања имаат посебна „тежина“. 

Исто така и претседателот на Украина Зеленски нагласи дека неговата земја нема да прифати статус на „половина членство“ во Унијата. Членството во ЕУ отсекогаш значеше еднаквост: еднакви права, еднакви обврски и еднаков глас во обликувањето на заедничките одлуки. Примањето нови членови, а истовремено ограничување на нивното влијание, претставување или учество, е опасност да се претвори членството во ‘операција од повеќе степени’. Создавајќи внатрешни степени и нивоа на членство, ЕУ само би ги поткопала и би ги ослабнала своите демократски темели.“ – нагласува овој грчки евроинтеграциски експерт.

(продолжува со ставови на оваа тема од реномирани домашни и европски политички, евроинтеграциски и други експерти) 

(согледувањата на авторот во неговата анализа не одразуваат ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту се став на редакцијата на „Експрес“)

Пишува: Свето Тоевски

(„Нова Македонија“)

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни, та се подготвени и да се жртвуваат за него и неговиот криминал?!

„Свесни за сѐ што може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на поранешниот прв вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се подготвени да се жртвуваат за него!“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во денешното обраќање до јавноста.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

Најнови вести

To top