Македонија

Никола Парапунов, деец за ослободување и обединување на Македонија и прв борец против фашизмот во Балканот – 82 години од смртта

На денешен ден, на 9 декември 1943 година кај селото Бараково, Горноџумајско, во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија, во борба против полициска заседа загинал македонскиот револуционер Никола Парапунов. На 26 јуни 1941 година во околината на Разлог, тој ја формирал првата првата партизанска чета во Пиринска Македонија, прва оружена антифашистичка борбена формација на територијата на тогашна царска Бугарија, која била во сојуз со тогаш хитлеровска фашистичка Германија. Организаторот на првото антифашистичко движење во Царска Бугарија Парапунов се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија, едновремено и за во територијална и етничка смисла на распарчена Македонија. Така Пиринска Македонија, како дел од Царството Бугарија, најрано го крева својот глас за ослободување и обединување на Македонија. Токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата оружена борба против бугарската фашистичка војска и воопшто првата оружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот.

Никола Парапунов – Владо (1. 7.1909 – 9.12.1943) е македонски револуционер, истакнат организатор и раководител на партизанското антифашистичко движење во Пиринскиот дел на Македонија. Роден  роден на 1 јули 1909 година во Разлог во семејство на шивачки работник. Во 1924 година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, Никола продолжил да се школува во средното техничко училиште во Софија, на градежна насока. Уште како ученик станал член на сојузот на комунистичката младина – Комсомол. По завршувањето на школувањето се вратил во родниот град каде работел и соработувал со тогашната  ВМРО (обединета). Во 1931 година Парапунов станал член на Бугарската комунистичка партија, а  на почетокот на наредната година станал член на нејзиното окружно раководство во Петрич.

Во 1933 година, поради својата комунистичка дејност. Парапунов бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Во затворот раководел со кружоци и држел предавања за националното прашање, посебно за македонското национално прашање. Никола Парапунов бил во затвор сѐ до 1941 година. По излегувањето од затвор преминал во илегала и станал еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. На 26 јуни 1941 година тој ја организирал Разлошката партизанска чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. Бил командир на Разлошката чета и командир на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона на НОВА. 

Парапунов ги поттикнал почетоците на партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија и Бугарија. На територијата на Пиринска Македонија, не само што во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под водството на Парапунов, туку во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот. По основањето на Отечествениот фронт (ОФ) во 1942 година Никола Парапунов работел за развој на неговите структури во Пиринска Македонија. Тој бил секретар на Окружниот комитет на БКП и на IV востаничка оперативна зона (IX 1941). Меѓутоа, Парапунов дошол во судир со ЦК на БКП за прашањето за оружената борба и раководниот состав на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона на НОВА. Бидејќи се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија и нејзино обединување.

На почетокот од 1943 година Парапунов станал член на ЦК на БКП, но загинал кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, по патот за Горна Џумаја, на 9 декември 1943 година во заседа од бугарската војска и полиција. По неговата смрт Разлошкиот партизански одред го носи неговото име, а македонскиот народ ја испеал песната „Имала мајка едно ми чедо“:

Имала мајка едно ми чедо едно ми чедо Никола

Очите ѕвезди, лице трендафил, левенто чедо крилато.

Ееееј Никола, ееееј јунак пирински.

Му здодеало од чорбаџии, од клето ропство фашистко.

Тргнал Никола в бој да се бие за наша мајка Македонија.

Ееееј Никола, ееееј јунак пирински.

Дигнал ми глава херој Никола

за правда и за слобода.

Тргнал Никола в бој да се бие

за наша мајка Македонија.

Ееееј Никола,

ееееј јунак пирински.

Најнови вести од: Македонија

Посета на воен претставник од САД: командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт доаѓа во Македонија од 9-11 декември

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт ќе престојува од денеска до 11 декември во официјална посета на Република Македонија.

Премиерот Мицкоски на увид во градежните активности на новиот повеќенаменски центар во Општина Аеродром

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во 12 часот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на новиот повеќенаменски центар, кој се наоѓа во непосредна близина на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром.

Нелегално се продавале пиротехнички средства на Бит Пазар, цела роба е одземена

Полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР Центар и Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги…

Таналари: Дали меѓународниот чинител е рамнодушен кон уставните промени, или има стратегија за помек притисок и јасни очекувања за реформи?

„Релативната тишина од страна на меѓународната заедница во врска со уставните промени создаде простор за расправа на домашната политичка сцена. Некои политичари го толкуваат тоа како знак дека меѓународната заедница не сака да се меша во толку чувствително домашно прашање. Други веруваат дека станува збор за нова стратегија: помек притисок, но со јасни очекувања за реформи.“ – наведува во својата колумна Африм Таналари, новинар во Албанската редакција на Радио Скопје.

To top