Македонија

Николоски: Десетина „буџовани“ со вили и базени го блокираат автопатот Прилеп–Битола

Николоски очекува во најбрзо време да се отстрани блокадата и работите да продолжат нормално.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека градежните работи на автопатот Прилеп–Битола добро напредуваат, но се соочуваат со сериозна опструкција од десетина сопственици на дивоградби – вили и хациенди со базени во близина на Прилеп.

„Станува збор за десетина буџовани кои ги штитат своите хациенди и не му дозволуваат на изведувачот да пристапи до наоѓалиштето за тампон, иако на приватниот изведувач во соседството му дозволуваат да копа“, изјави Николоски во гостување на подкастот на порталот Курир.мк.

Тој објасни дека поради рамничарскиот терен на Пелагонија, материјал за градење на автопатот (тампон) мора да се зема од локални наоѓалишта. Сега, поради блокадата, државата е принудена да купува материјал од приватни каменоломи и да плаќа скап транспорт.

„Штетата по државниот буџет може да достигне и до 100 милиони евра. Тоа се пари што можеше да се вложат за развој на целиот регион, а сега одат по приватни џебови“, предупреди Николоски.

Вицепремиерот директно посочи дека зад блокадата стои агенда и постави прашање:

„Јасно е дека таму има агенди. Само се прашувам дали се тие агенди бизнис и политички или се само бизнис.“

Тој додаде дека дел од автопатот Прилеп–Битола ќе биде пуштен во сообраќај до следната пролет, а целосно завршување се очекува во 2029 година. Николоски очекува во најбрзо време да се отстрани блокадата и работите да продолжат нормално.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top