Македонија

Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“

Главните предизвици во изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, како што рече, се многуте водови на кои треба да се направи дислокација, а кај Гостивар – Букојачни има почист терен

На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на 14-ина километри од предвидените 17,5, а реализацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават сè за да овозможат изведувачите што побргу да ги завршат овој и другите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде што истакнуваат дека имаат активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на двата коридори, 8 и 1 0д.

Увид на активностите во изградбата на автопатските делници денеска извршија премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Facebook / Hristijan Mickoski

– За делот од Тетово до Гостивар, во јавноста некако е прифатена перцепцијата дека тоа е автопат, но во суштина тоа е експресен пат. Првпат на оваа делница ќе се изгради автопат. Втората е делницата Гостивар – Букојчани кај што сме сега. Нешто што мислам дека за многумина беше незамисливо, а тоа е дека кога било ќе има автопат што ќе ја заобиколи Стража и дека најтешкиот дел од поврзувањето со Охрид и Струга и целиот Коридор 8, а тоа е превојот Стража, ќе биде избегнат. И можете да видите тука пред нас како интензивно се работи на мостови, на пробивање на автопатот, на заштита на косините. Навистина се прават исклучително напредни инженерски работи – изјави Николоски.

Facebook / Hristijan Mickoski

Главните предизвици во изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, како што рече, се многуте водови на кои треба да се направи дислокација, а кај Гостивар – Букојачни има почист терен со помалку дислокации, но е потешко затоа што треба да се заобиколи планинатата Буковиќ, а брзината треба да биде од 90 до 130 километри на час.

– За жал, прехтодната влада немаше сработено ништо. Во ноември лани добивме известување од надзорниот инженер, кој побара да се продолжи рокот за завршивање за две години затоа што мора да се компензираат двете изгубени години. Затоа ќе се оди со рок од декември 2029 година, што не значи дека нема да биде и порано – рече Николоски. На Тетово – Гостивар има многу натпатници, гравитираат пет општини и треба да се спојат, а мора да го држиме во добра кондиција и постојниот пат.

Не очекува промени во цената на чинење, но, потенцира, продолжувањето на рокот мора да го направиме поради претходната влада. Експропријацијата е завршена. За Гостивар – Букојачни на седница на Владата е усвоен урбанистичкиот план за вториот дел, а за Прилеп – Битола урбанистичкиот проект, врз основа на тоа се прави експропријација и веќе немаме такви отворени прашања, односно обврската на државата е целосно завршена – рече Николоски.

Facebook / Hristijan Mickoski

Тој се надева дека едната лента од автопатот Прилеп – Битола веќе првата половина в година ќе биде целосно пуштена, а автопатот Гостивар – Букојчани, појасни, мора да го пуштиме цел затоа што на другата страна нема каде да се излезе доколку не се сработи комплетно.

Вицепремиерот Николоски го истакна и значењето на овие инфраструктурни проекти за бруто-домашниот производ. – Се гордеам што во третиот квартал минатата година растот во градежништвото беше 21 процент, во четвртиот квартал 16,7 проценти. Очекуваме добри бројки и за првиот квартал оваа година и да продолжи така во следниот период – изјави Николоски.

Facebook / Hristijan Mickoski

На автопатот Гостивар-Букојчани, генерално остварен е напредок од околу 60 проценти на работите. Изградени се камп за привремено сместување и работа со капацитет за повеќе од 1200 лица, база за подготовка на бетон и префабрикување на бетонски елементи за објектите, мост на 7- миот километар од почетокот на трасата на кој може да се вози по двете коловозни ленти.
Дополнително се работи на два моста, натпатник, косини и заштита на косини по патот, и се поставуваат потпорни гамбионски ѕидови, пропусти и канали.

За делниците што ги гради „Бехтел и Енка“ од март 2023 до јуни 2024 година реализирани 241,3 милиони евра, од кои за градежни работи 19,6 милиони евра. Од јули 2024 до мај 2026 година исплатени се 278,4 милиони евра само за градежни работи.
За делниците од овој проект досега е заврешена експропријација на над 3000 парцели, од кои 560 до јуни 2024 година, а 2.483 парцели до мај годинава.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top