Македонија

Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1200 активни проекти кои што ги поддржува министерството за транспорт и Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“. Николски ги наброја големите инфраструктурни проекти коишто во моментов […]

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1200 активни проекти кои што ги поддржува министерството за транспорт и Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“.

Николски ги наброја големите инфраструктурни проекти коишто во моментов се градат преку министерството и ЈПДП, како и оние проекти кои што до сега беа пуштени во употреба, како експресните патишта од Куманово до Крива Паланка и Градско- Фариш, дел од експресниот пат Градско-Прилеп.

„Тоа се само преку министерството за транспорт, да не зборувам за оние големи инфраструктурни проекти коишто одат директно преку министерството за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта. Дали е тоа изградбата на автопатите Охрид-Кичево, сега работиме на Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола. Дали е пуштањето во промет на дата правци на експресниот пат Прилеп-Градско, тоа е делот од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Понатака Куманово-Крива Паланка експресниот пат и бројни проекти коишто се работат во овој момент“, рече Николоски.

Освен што во моментов државата е огромно градилиште и се гради низ цела Македонија, Николоски посочи дека сега, за разлика од некои минати времиња, започнатите инфраструктурни проекти се завршуваат, така што се враќа самодовербата.

„И добро е што конечно завршуваат проектите и граѓаните можат да видат дека може да се заврши проект и она што е најважно, ја враќаме самодовербата кај народот дека Македонија и македонците се способни да водат големи проекти. Не е тоа само во патната инфраструктура, тука е и железничката инфраструктура, тука се аеродромите и авио линиите, тука се обновливите извори за енергија. Да не заборавиме дека за помалку од година дена успеавме целосно да завршиме во дел на процедури еден огромен проект којшто треба да е инвестиција од половина милијарда евра“, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на реконструирањето на големите претпријатија, како што се Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонска пошта во кои работниците не земаа редовно плата.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top