Македонија

Николоски: Постојните мобилни оператори не направија ништо да ги намалат цените

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешното отворање на понудите за тендерот за нов мобилен оператор, на кој единствен учесник беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“, изјави дека конкуренцијата е клучна за пазарот и дека очекува намалување на цените за услугите во мобилната телефонија.

facebook.com/NikoloskiA

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешното отворање на понудите за тендерот за нов мобилен оператор, на кој единствен учесник беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“, изјави дека конкуренцијата е клучна за пазарот и дека очекува намалување на цените за услугите во мобилната телефонија.

Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор  во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените, рече Николоски, на новинарско прашање пред денешниот состанок со раководството на Стопанската комора.

Според Николоски, процесот на избор на нов оператор го води Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како независна постапка, а конечните одлуки ќе бидат донесени по завршувањето на локалните избори.

Драго ми е дека има интерес. Од прв ден кога бев избран на функцијата кажав дека на македонскиот пазар има дуопол помеѓу двата мобилини опеатори и тоа е факт кога ќе видите поделба на пазарот 51 и 49. Се е  јасно, во однос на квалитетот и на цените мислам дека граѓаните доволно кажуваат, така што конкуренцијата е здрава и добра. Од АЕК кажаа дека имаат одредени ограничувања поврзи со изборите, но изборите ќе завршат за два месеца, процедурата ќе си продолжи. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата, изјави Николоски.

Компанијата „ОНЕ Македонија телекомуникации“, во сопственост на унгарската „Фор-ај-џи“, поднесе понуда за добивање лиценца за нов мрежен оператор. Уште во декември 2024 година, компанијата достави документација до АЕК, покажувајќи интерес да стане трет мобилен оператор на македонскиот пазар. На денешната седница, комисијата на АЕК потврди дека сите потребни документи се доставени и дека следи фаза на евалуација, по што ќе биде изготвен извештај за конечна одлука од директорот на агенцијата.

– Три заинтересирани  страни подигнаа тендерска документација, но официјално доставена е само  понуда од еден понудувач. Сите документи од понудувачот се доставени. Ќе се продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај  до директорот на АЕК, со предлог што да се направи како следен чекор. Бидејќи има само еден понудувач нема да се оди со чекорот  јавно наддавање.  Тука би требало да заврши процесот и доколку е се во ред би требало да се донесе позитивна одлука за влез на пазарот, рече Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата на АЕК.

Согласно условите на тендерот, новиот оператор се очекува да започне со работа до крајот на 2026 година. Според податоците за првиот квартал на 2025 година, во Македонија има 1.941.996 активни корисници на мобилна телефонија. Од нив, А1 Македонија држи пазарен удел од 47,69%, а Македонски Телеком 46,66%. Виртуелниот оператор М-ТЕЛ, кој влезе на пазарот во октомври 2022 година, има удел од 3,38%, додека Телекабел учествува со 1,34%, Мтелмобајл со 0,38% и Греен мобиле со 0,10%.

Во однос на приходите од мобилни услуги на малопродажно ниво за првите три месеци од 2025 година, Македонски Телеком оствари удел од 49,77%, додека А1 Македонија има 47,71%.

Најнови вести од: Македонија

Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европската слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијатата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

Премиерот Мицкоски денес ќе учествува на Самитот на лидери во Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес, на 21 ноември 2025 година, ќе присуствува на Самитот на лидери, кој кој ќе се одржи во Тирана, во Република Албанија, под мотото „Нашиот план до ЕУ“.

Мехмети: На ДУИ ѝ тргна наопаку и без длабоки реформи таа ќе замине во политичката историја!

„Алармот на ДУИ е вклучен. Овој конгрес може да биде последната шанса да се врати изгубената доверба. Ако има размислување, самокритика и храброст за длабоки реформи, може да се роди нова ДУИ, поодговорна и поблиска до граѓанинот. Но, ако сè остане на ниво на зборови и расудување, тогаш патот е јасен: партијата што некогаш ги водеше Албанците, се изложува на опасност да замине во политичката историја.“ – нагласува новинарот Емад Мехмети од Скопје во својата колумна со наслов „Решавачки конгрес на ДУИ: дали ќе донесе ново, или ќе се изложат на опасност да заминат во историјата?!“.

Мицкоски во Тирана на отварање на клубот „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Мицкоски ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, а таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија

Најнови вести

To top