Македонија

Николоски: Работиме интензивно на најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо дури и на најкомплексниот и најпредизвикувачки дел од трасата – стрмните планински косини.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо дури и на најкомплексниот и најпредизвикувачки дел од трасата – стрмните планински косини.

„Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево. Со нови проекти се работи на целосно решение и стабилизација на најпроблематичните косини на трасата. Ја градиме Македонија“ – напиша министерот Николоски на својот профил на Фејсбук.

Со примена на нови инженерски проекти и современи технологии, се обезбедува трајна стабилност на теренот, што претставува клучен чекор кон целосно завршување на овој стратешки патен правец.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top