Македонија

Николоски: Штип со потенцијал да стане туристички центар во Истокот

Изградба на брана на река Отиња, проекти во патната мрежа, канализациони и водоводни системи, урабнизација на брана Кежовица

Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот. Има бројни капитални проекти шти ги реализираме како Влада и со тоа даваме силна подршка за Штип и регионот, истакна денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски кој присуствуваше на отворањето на манифестацијата “Штипска пастрмајлијада”.

Изградба на брана на река Отиња, проекти во патната мрежа, канализациони и водоводни системи, урабнизација на брана Кежовица, се дел од проектите што се реализираат во Штип со подршка на централната власт.

– Навистина е чест да се биде денеска во Штип на отворањето на овој голем настан за кој што живее овој град и целиот регион. Сметам дека е добро да се организираат вакви настани со цел да се раздвижи локалната економија, ова значи многу посетители кои што овие денови ќе го посетат Штип. Ова значи влез на неколку милиони евра директно во локалната економија што е задвижување за целото стопанство и нешто што треба да биде подржано. Мислам дека градоначалникот прави одлична работа и сакам да му честитам за тоа што го прави досега и верувам дека и во следниот период ќе има уште поголеми успеси и поголеми работи. Посакувам убава дружба и убави моменти, не само за штипјани туку и сите што ќе ја посетат манифестацијата.

Во иста насока сакам да кажам дека продолжуваме да го подржуваме Штип. Бројни инфрастрктурни проекти се во реализација, во делот на патната мрежа, во делот на канализациски и водоводни мрежи, во делот на образованието. Работиме и големи проекти, интензивно се работи на браната Отиња како и на целосна урбанизација околу браната. Она што е Мавровското езеро на западниот дел на Македонија, браната Отиња треба ќе стане во Источна Македонија. Покрај универзитетски и бизнис центар, Штип да стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е и урбанизцијата околу браната Кежовица. Таму има голем туристички потенцијал, така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализирани, дел се реализираат и секогаш доаѓам со задоволство, заедно со градоначалникот и со пратениците работиме на реализација на прoектите, истакна Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

To top