Македонија

Николоски: Во новата 2026 година влегуваме со зголемено темпо

Годината што претстои ќе биде во знакот на интензивна работа и нови капитални зафати

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, упати новогодишна честитка до граѓаните, најавувајќи дека годината што претстои ќе биде во знакот на интензивна работа и нови капитални зафати.

„Во новата 2026 година влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за Македонија!“, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

Тој сподели и видео-осврт на, како што ја нарече, „одличната 2025 година“, во која биле започнати и завршени многу проекти, посакувајќи им на граѓаните среќна и весела година.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

To top