Македонија

Николоски: За два месеца, целосно нов аеродром во Охрид (ВИДЕО)

Целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи

Св. Апостол Павле во Охрид за пориближно два месеци, ќе добие целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи.

„Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на Аеродромот“ рече тој.

Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација наОхридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии.

“Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој што ќе изгледа како вчера да се изградил, целосно ново решение, проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, проширување на делот за полетување, значи за патници на доаѓање, патници на заминување што дополнително ќе значи голем економски стимул.

Ако на тоа го ставиме и автопатот Охрид-Кичево, делот кој што води до аеродромот, гледате дека веќе е завршен, за брзо време ќе имаме отварање на нови делници од овој автопат, тоа значи една целосна преродба за целиот регион. Би сакал тука да се заблагодарам на Изведувачите за одличната работа тука на аеродромот и за работата на популарната Воена болница, градската болница во Скопје, каде што за прв пат се случи реконструкција по нејзината градба и во моментов имаме најмодерна болница буквално од Атина до Виена” истакна Николоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top