„Тендерот за набавка на нови автобуси траеше до понеделникот, а согласно со законот мораме да почекаме дали нешто ќе стигне по пошта и веднаш по завршување на Велигденските празници ќе започнеме со проценката. Имаме 4 понуди“, рече Николоски.
Според предвидените услови во тендерската постапка, ако се избере најповолна понуда, првите 30 нови автобуси треба да пристигнат во септември. Тендерот предвидува набавка вкупно на 150 електрични автобуси, од кои 100 за главниот град, а останатите за општините.