Македонија

Николовски:За некои политички структури во Бугарија секогаш сме тема за привлекување гласачи

„За некои политички структури во Бугарија Македонија е секогаш интересна тема за привлекување гласачи, но со отворање дебата за Македонија, тие само ги влошуваат односите.“ – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по ставовите од Софија поради неодамнешниот инцидент со кршењето на прозорците на вратите на влезот од бугарската амбасада.

Запрашан за односите со Бугарија, во вестите на Тв Сител Николовски рече дека Владата немала среќа во Бугарија подолг период да има политичка стабилност.

„Оваа влада што сега падна беше најдолготрајна – траеше 11 месеци и во тие месеци успеавме да се договориме за Коридорот 8, на што сум особено горд. Сега повторно влегуваат во избори, во кампањата и за одредени политички структури таму, Македонија е секогаш интересна тема за привлекување гласачи, но мислам дека грешат бидејќи на секои следни избори излезноста е помала, што значи дека оваа тема не е она што го очекуваат граѓаните. Причината зошто падна оваа Влада е зголемувањето на даноците за пензии и дивиденди, што значи дека граѓаните реагираат на економијата и буџетот, а не на односите со Македонија. Со отворањето дебата за Македонија, тие само ги заоструваат односите“, рече Николоски.

Тој го осуди неодамнешниот инцидент пред бугарската амбасада и е задоволен што Министерството за внатрешни работи брзо и ефикасно го решило случајот.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Претставникот на Орбан, Жолт Бунфорт: Македонија 20 години неправедно „седи на оградата“ на ЕУ, тоа е пародија!

Ако процесот се базира на мерит-систем, Македонија и другите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската Унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Нагласува дека Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно да се забрза пристапувањето во ЕУ.

(Фото): Како до сериозен развој на туризмот и рамномерниот регионален развој во сите делови од Македонија?!

Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го „испере“ Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, никој не е над законот!

„Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон. Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината.“ – реагира пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски, откако експремиерот Зоран Заев поднесе тужба против него и Жан Митрев, поради „клевета и нарушен углед“.

(Фото): Најмногу се купува облека преку интернет, а картичката најмалку се троши за електроника

Македонските граѓани кои купуваат преку интернет најчесто нарачуваат облека и плаќаат интернет и мобилни услуги, додека интересот за храна, електроника и апарати за домаќинство останува низок. Ова го покажува најновиот преглед на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од Асоцијација за е-трговија, во кој се прави споредба со податоците на Евростат за првото тримесечје од 2024 година.

Експремиерот Заев ги тужи Петрушевски и Митрев за „клевета и нарушување на чест и углед“ и бара пари, кои ќе ги дава за хуманитарни цели!

Заев, експремиер и вмешан во мега аферата со рекет со Филипче за Болницата на Жан Митрев – за што Јавното обвинителство има отворено истрага, се јави преку фејсбук од Дубаи и соопшти дека поднел тужби (не тој туку адвокатот Горан Заев, Зоран не е во МК) за „клевета и нарушување на чест и углед“ против Бране Петрушевски и Жан Митрев. Тужбите се поднесени од Горан, не од Зоран до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари, објави „Курир“.

ВМРО ДПМНЕ: Дали стравува СДС од сведочењето и искази на Груби, што би можеле да допрат до нивни поранешни високи функционери?!

„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение

To top