Македонија

Николовски – Залаи Бобровницки: Потврдени одличните пријателските односи меѓу Македонија и Унгарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета на Унгарија, денеска остварил средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата на која се разговарало за партнерството меѓу двете земји, била истакната одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување […]

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета на Унгарија, денеска остварил средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата на која се разговарало за партнерството меѓу двете земји, била истакната одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата.
Министерство за транспорт
– Стратешката цел е зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакнал вицепремиерот Николоски, додавајќи дека Македонија е рамноправен партнер во НАТО сојузот и во своите капацитети дава сериозен придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност. Исто така тој потенцирал дека Македонија со своите политики дава огромен инпут во регионалниот развој и станува земја пример за регионална соработка со што покажува огромен капацитет за постигнување на европските вредности. На средбата се дискутирало и за нови можности за соработка меѓу двете земји во делот на одбранбениот сектор, истакнувајќи го фактот дека Македонија нуди сериозен инвестициски потенцијал. – Пријателските односи меѓу Македонија и Унгарија се на одлично ниво, тоа се потврдува на овие средби и периодот што следи ќе се посвети на интензивирање на соработката која ќе овозможи зацврстување на односите во области од заеднички интерес за двете земји, потврдиле двајцата соговорници, се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

To top