Македонија

Нов голем успех за македонскиот филм „17“ – награда и во Херцег Нови

По големиот успех на Сараевскиот филмски фестивал и низа други престижни меѓународни фестивали, македонскиот долгометражен филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови

По големиот успех на Сараевскиот филмски фестивал и низа други престижни меѓународни фестивали, македонскиот долгометражен филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја освои Златната мимоза за режија на 39. Филмски фестивал во Херцег Нови – еден од фестивалите со најдолга традиција во регионот.

Ова признание доаѓа само неколку дена по големиот успех во Сараево, каде филмот „17“ освои четири награди, меѓу кои и Срцето на Сараево за најдобра актерка, за Ева Костиќ.

За наградите во Херцег Нови одлучуваше меѓународно жири, предводено од Алиса Сајмон, филмска критичарка на „Variety“ и главна програмерка на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, а во чиј состав беа и Елена Христодулиду, Себастијан Каваца, Љиљана Благојевиќ и Драшко Ѓуровиќ.

Во образложението за наградата на Косара Митиќ, жирито го истакна нејзиниот исклучителен режисерски стил и големата емотивна сила пренесена преку филмската нарација.

Инспириран од вистински настан, филмот,,17“ ја следи Сара, седумнаесетгодишна девојка која за време на матурската екскурзија се обидува да ја скрие својата бременост. Преку нејзината приказна, филмот ги отвора темите на траумата, тишината, изолацијата и женската солидарност, создавајќи интимен портрет на адолесценцијата.

„Не сакавме да ја шокираме публиката, туку да останеме блиску до искуството на Сара и да зборуваме за тишината и изолацијата што ја следат нејзината приказна. „17“ е приказна што треба да отвори простор за емпатија, а не за осуда“, изјави режисерката Косара Митиќ.

„Оваа награда има посебно значење за нас бидејќи доаѓа од регионот. Филмот „17“ е македонско-српско-словенска копродукција и секое признание од регионалните фестивали ни е особено важно.

Досегашниот успех на филмот, со 11 меѓународни награди, е важна потврда за неговиот квалитет и добра основа за понатамошно позиционирање пред меѓународната публика“, изјави Томи Салковски, продуцент на филмот ,,17”.

Дебитантскиот филм на Косара Митиќ ја имаше светската премиера на 76. Берлински филмски фестивал, во селекцијата „Перспективи“.

„17“ е копродукција на „Црна Мачка Продукција“ (Македонија), „Арт&Попкорн“ (Србија) и „Децембер“ (Словенија), финансиски поддржана од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар и SEE Cinema Network. Меѓународната продажба ја застапува француската компанија Totem Films.

Најнови вести од: Македонија

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги Вaлканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници

Муцунски од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат по околу 370, а пензиите по 300 денари месечно

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо

To top