Македонија

Нов закон за невладини организации ќе ги решава предизвиците во граѓанското општество според теркот на ЕУ

Една од целите е поголема отчетност, транспарентност и одговорност на невладините организации

Министерството за правда до владата доставило ново законско решение за граѓанските организации кои се активни во Македонија.

 

Основната цел на предложеното законско решение е понатамошно унапредување на правната рамка во која функционираат здруженијата, фондациите, сојузите и странските организации, во согласност со највисоките стандарди на Европската Унија и Советот на Европа, тврдат од Министерството за правда.

Клучни цели на законот се:

▪️ Уредување на државната поддршка за граѓанските организации

▪️ Зајакнување на нивната улога во процесите на донесување одлуки

▪️ Прецизно уредување на начелото на непрофитност

▪️ Поттикнување на самоодржливост и финансиска стабилност

▪️ Поголема отчетност, транспарентност и одговорност

▪️ Стандардизирани правила за финансиска поддршка

▪️ Законска основа за кофинансирање на ЕУ и меѓународни проекти

▪️ Донесување подзаконски акти за државно финансирање и учество во креирање политики

▪️ Нов пристап кон јавниот интерес по области на дејствување

▪️ Законско уредување на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Според најавата ова законско решение претставува важен чекор кон посилно, поодржливо и поактивно граѓанско општество.

 

Линк со повеќе информации: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=73921

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top