Новиот меѓународен секретар на СДСМ Жерновски, иако е „експерт за дипломатија и меѓународни односи“, нема поим што значи кратенката НАТО?!
Новиот меѓународен секретар на СДСМ, Андреј Жерновски, во емисијата „Претрес со Ландов“ не знаеше да одговори што означува кратенката НАТО. Беше блиску до одговорот, но, сепак не го погоди целосното значење за оваа меѓународна организација која е политички и воен сојуз формиран за колективна одбрана.
1 минута за читање
НАТО (NATO) е кратенка од англискиот јазик за „North Atlantic Treaty Organization“, што во превод на македонски значи „Организација на Северноатлантскиот договор“.
Прашањето беше на сугестија на гледач на емисијата, кој тврдеше дека 90 отсто од политичарите не знаат што значи кратенката НАТО. Делумно и беше во право, бидејќи одговорот на Жерновски беше „North Atlantic Organization“.