Македонија

Новиот Закон за пушење не е применлив кај нас, реагираат производителите на цигари

Двете држави се разликуваат по многу параметри. Во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура, чии одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, а во земјата активно работат и две фабрики за производство на тутунски производи, кои имаат голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат македонски граѓани, се вели во реакцијата против новиот предког-закон.

Словенечкиот модел, според кој е изработен нацрт-законот за заштита од пушење, не е применлив во македонските услови, реагира Групацијата за производство на цигари при Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Македониja. Од Групацијата наведуваат дека предложеното законско решение создава правна неусогласеност со постојната регулатива, особено со Законот за тутун, тутунски и сродни производи, и дека претставува чекор назад во веќе воспоставената регулаторна рамка. Како спорно го посочуваат изедначувањето на цигарите и алтернативните тутунски производи, кои, како што велат, веќе се јасно и одделно дефинирани во важечкото законодавство.

  • „Двете држави се разликуваат по многу параметри. Во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура, чии одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, а во земјата активно работат и две фабрики за производство на тутнски производи, кои имаат голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат македонски граѓани“, се вели во соопштението од Групацијата.

Според нив, иако двете земји се кандидати за членство во Европската унија, Македонија има поинаква економска и пазарна структура, при што тутунот претставува стратешка земјоделска култура со значаен удел во буџетските приходи, извозот и вработеноста. Во земјава, како што посочуваат, активно работат две фабрики за производство на тутунски производи кои вработуваат неколку стотини граѓани.

Групацијата предупредува дека предложените забрани ќе имаат сериозно негативно влијание врз малите и средните претпријатија, угостителскиот и малопродажниот сектор, при што може да бидат загрозени над 4.000 малопродажни места, претежно мали и семејни бизниси. Дополнително, се очекува и поттикнување на нелегалната трговија со тутунски производи, што би резултирало со намалени приходи во државниот буџет.

Како дополнителен проблем се наведува и недоволната прецизност во дефинирањето на мерките и нивната примена во пракса, што, според Групацијата, може да доведе до правна несигурност и различни толкувања од страна на инспекциските служби.

Од Групацијата апелираат законот да биде темелно доработен преку сеопфатни консултации со сите засегнати страни, со разумен транзициски период, со цел да се обезбеди заштита на јавното здравје без сериозни економски последици.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top