Македонија

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

На видеото се гледа девојчето, кое е клекнато на колена и моли за милост, додека неколку други девојчиња ја  навредуваат, ѝ удираат шлаканици и ја влечат за коса. Сцената се одвива пред очите на повеќе присутни малолетници, кои го снимаат целиот инцидент со мобилни телефони, наместо да интервенираат. 

Дополнително вознемирува и фактот што дел од присутните го поттикнуваат насилството, бодрејќи ги напаѓачите и охрабрувајќи го продолжувањето на малтретирањето.

„Молчете да слушнеме како ќе пука!“ – се слуша на снимката како изјавува едно од момчињата, кое го документира настанот, додека чека друго девојче да ѝ удри шлаканица на жртвата.

Случајот предизвика остри реакции на општествените мрежи: граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции и посериозен пристап кон врсничкото насилство и неговото спречување.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Роберто Навали Вести 📰🗞️🚨 (@roberto_navali_news)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top