Бизнис

Ново Zen искуство во Белград – свечено отворен ресторанот ZEN by SushiCo

Белград доби нова гастрономска оаза!

Белград доби нова гастрономска оаза! На вториот кат одТЦ Галерија, во импресивен ентериер и со најубав погледкон градот, ZEN by SushiCo во средата свечено ги отворисвоите врати. Ресторан кој ветува искуство што ги спојувавкусот, мирот и естетиката во совршен баланс.

Со инвестиција вредна 1 милион евра, новиот Zen by SushiCo претставува заеднички проект на рестораните „SushiCo Македонија и „SushiCo Турција, поставувајќинов стандард во гастрономското искуство. Локалот сепростира во најголемиот трговски центар Галерија наимпресивни 550 m², со капацитет од 180 гости, создаденсо посебно внимание кон деталите од страна намакедонските архитекти Роберт Џонески, Горан Спироскии Светлана Данилова.

Zen by SushiCo е совршена комбинација на модерендизајн, автентична јапонска естетика и врвна кулинарскауметност. Ресторанот е едиснтвен во Србија со Teppanyaki мени и врвна мешана азиска храна.

ZEN by SushiCo е замислен како место каде секој детаљима своја приказна. Ентериерот е уреден во смирени, природни тонови, со елементи од дрво и автентичниазиски мотиви, создавајќи топла, елегантна иинспиративна атмосфера. Терасата со панорамски погледкон реката Сава ја прави локацијата уште попривлечна совршен избор и за деловен ручек, и за вечера исполнетасо стил.

Голем број гости, меѓу кои и познати личности одбелградската џетсет сцена, уживаа во отворањето кое гоодбележа софистицираниот амбиент, вкусната азискахрана и енергичниот DJ сет на Peppe.

Овој реномиран бренд, познат по јапонската кулинарскатрадиција и иновативниот гастрономски пристап, нудибогато мени составено од внимателно одбрани јадења, како и ексклузивна винска и коктел листа која ќе гивоодушеви и најпребирливите љубители на гурманскиискуства. Менито опфаќа јадења од јапонската, кинеската, тајландската и корејската кујна, подготвени совисококвалитетни состојки, многу од кои пристигнуваатдиректно од Азија.

Глобален бренд со локален шарм

Со повеќе од 90 ресторани ширум светот, SushiCo веќеповеќе од три децении ја раскажува својата приказна завкус, традиција и иновација.

Отворањето на ZEN by SushiCo во Белград претставуваново поглавје во таа приказна место каде вкусот станувауметност, а атмосферата вистински Zen момент. Ова епрвиот ресторан на овој меѓународен ланец во Србија, сошто Белград се приклучува на светската мапа на SushiCo дестинации.


Најнови вести од: Бизнис

Од Скопје директно ќе се лета до 42 дестинации, од Охрид кон пет нови земји

Според зимскиот ред на летање, кој почнува од 26 октомври и ќе трае до 27 март 2026 година, Скопје ќе биде поврзано со директни летови до 49 дестинации, а Охрид со пет. Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство, од и до скопскиот аеродром ќе оперираат 17 авиокомпании, а ќе има и 13 чартер летови на кои ќе сообраќа авиокомпанијата „Фрибрд“, додека од охридскиот три авиопревозници.

Од домашно прозводство покриена 93,2% од потрошувачката на струја во август

Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика.

Давор Мацура за „Блиц“: Спојот на Стопанска банка Битола и АЛТА банка ќе понуди нова вредност

Извршниот директор на АЛТА Група Давор Мацура во разговор за српскиот портал Блиц зборува за аквизицијата на Стопанска банка АД Битола, улогата на АЛТА банка во зајакнувањето на регионалната стабилност и долгорочните планови на АЛТА Група насочени кон европскиот пазар.

Хидропотенцијалот како „батерија“ на енергетскиот систем: што ни кажува CBAM-одбројувањето

Енергетската заедница јасно сигнализира дека времето за подготовка истекува, реформите напредуваат, но ниту една од земјите во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, сè уште не ги исполнила условите за изземање на електричната енергија од идниот режим на CBAM

Маск: Работата ќе стане хоби, ВИ ќе ги замени сите работни места

Американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Елон Маск, денес на својата социјална мрежа X изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) и роботите на крајот ќе ги заменат сите работни места, правејќи ја работата прашање на личен избор, а не неопходност.

Препукувања во М-НАВ: Кој е во право за штрајкот на 20-ти октомври?!

Претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски, изјави дека Синдикатот има целосно право да организира штрајк, добиено со овластување од гранковиот синдикат, а целата постапка е спроведена регуларно, за што рече дека постои и соодветна документација.

To top