Македонија

Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност, рече премиерот

Во честитката која премиерот ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, се нагласува дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост.

Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, длабока цивилизациска вредност и уставна определба. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Во честитката која тој ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, се нагласува дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост.

Мицкоски вели, одговорноста е голема – да се обезбедат услови секое дете да има пристап до квалитетно образование, без разлика на неговиот мајчин јазик.

„Овој ден нè потсетува дека образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба. Преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности се претвораат во заедничко богатство на државата. Како Влада, ја разбираме одговорноста да обезбедиме услови во кои секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, без разлика на мајчиниот јазик. Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата“, стои во честитката.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top