Искра Хаџи Василева: Обвинителството троши премногу време на бирократија, приоритет мора да биде гонењето криминал
Кандидатката за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, која влезе во историјата со неоправданиот прогон на доктор Жан Митрев и неговата клиника сега ветува брда и долини за да стане шефица на Јавното обвинителство за организиран криминал.
Таа најавува организациски промени и рационализација на предметите доколку биде избрана на функцијата. Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, таа истакна дека обвинителите се преоптоварени со административни процедури и предмети кои одземаат значително време, а не придонесуваат доволно во борбата против криминалот.
Одговарајќи на прашањето кои би биле нејзините први чекори во првите 100 дена од мандатот, Хаџи Василева посочи дека најголем акцент би ставила на поефикасно користење на ресурсите и утврдување приоритети во постапувањето.
Во предметот против Жан Митрев Хаџи Василева потроши над 4 години и огромни ресурси но според досегашното судење поради обвинението на лажни премиси и аргументите кои ги поднесува одбраната на Митрев, ова обвинение треба да падне.
Хаџи Василева сега тврди дека ќе правела рационализација ако биде избрана но не кажува дали е подготвена да сноси одговорност за долгиот процес кој беше непрофесионално почнат а изобилува со вџашувачки ситуации од кои јасно се гледа дека Жан Митрев бил таргет на смислен неправеден прогон.
Меѓу најскандалозните делови од нејзиниот прогон на Жан Митрев се следниве ситуации:
– Сведоци потврдиле пред неа изјавиле дека не се чувствуваат за измамени а во записникот таа внесла дека се чувствуват измамени
– Сослушала глувонемо лице без толкувач и запишала дека изјавил дека е измамен и оштетен а тој на судење со толкувач изјавил дека кажал обратно
– На последно рочиште од судењето на сегашниот обвинител, застапник на обвинението, повлекла 88 докази предложени од Хаџивсилева со образложение дека се незаконски и не може да се дел од обвинение
– На јутуб се врти снимка како убедува групно сведоци дека се измамени, нешто што не смее да прави и е противзаконско однесување
– На судењето на судијата Ѓоко Ристов изјавува дека не обезбедила докази за поткуп но тоа било јасно. (Со ваква изјава обвинителката создава нова пракса судот да суди врз основа на јасност а не со докази)
Сите овие скандали даваат основа за прашањето дали вакво постапување ветува дека таа ќе внесе квалитет во ОЈОГОК ако биде избрана? Или сепак во организиран криминал ќе биде внесена непрофесионална, незаконска и неетичка пракса?
На 21.11.2025 година Искра Хаџи Василева на судењето објави дека на Јутјуб е објавена снимка од неовластено снимање во просториите на Јавното
Обвинителство при преземање на дејствија службени за овој предмет.
Таа не негира дека тоа што е зборено на снимката е точно.
,,Тоа беше крајната фаза од
истрагата кога во Обвинителството беа повикувани пациенти или пак роднини на починати оштетени, за да се произнесат за тоа дали предјавуваат или не оштетно побарување. Во рамки на
таквите дејствија направено е неовластено снимање на Јавниот обвинител и токму таа снимка е
објавена на овој Youtube канал”, рече тогаш обвинителката која досега не покренала пријава за неовластено снимање.
Според снимката која ја слушнале повеќе лица од Јутјуб како и обвинителката таа убедува групно сведоци дека се измамени, нешто што не смее да прави и е противзаконско однесување.
Веројатно тоа е причината зошто Хаџи Василева не покренала процес за утврдување на неовластено снимање, затоа што така може самата да биде фатена како го крши законот.
„Би се зафатила најмногу и суштински со предметите, во смисла на рационализација на предметите. Ние навистина некогаш во праксата сме премногу оптоварени со работи кои не се толку значајни и не прават разлика во она што значи борба со криминалитетот, јавна доверба и ефикасен кривичен прогон“, изјави Хаџи Василева.
Таа објасни дека голем број предмети минуваат низ сложени бирократски процедури, а обвинителите трошат значителен дел од времето на формално одлучување, наместо на активен кривичен прогон.
„Нашата главна и примарна улога е да гониме криминал, не и да се занимаваме со она што значи отфрлање на криминал повеќе отколку прогонот“, нагласи таа.
Хаџи Василева појасни дека тоа не значи оти одредени кривични пријави треба да бидат занемарени, туку дека е неопходна подобра проценка на нивната основаност и можностите за понатамошно постапување.
Со оваа изјава обвинителката признава дека предмети како тој на Жан Митрев не бил добро проценети односно било покренато обвинение не поради прибрани докази туку поради други причини.
Како Хаџи Василева сака да стане шефица на организиран криминал а само во предметот против Жан Митрев досега потрошила десетици милиони денари при што на судењето даде никакви аргументи, засега не е целосно јасно.
Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери.
Според Хаџи Василева, обвинителството се соочува со огромен прилив на пријави, меѓу кои има и такви за кои уште при првичниот увид е јасно дека нема доволно основа за понатамошно докажување.
„Треба да ги трошиме ресурсите на најможен ефикасен начин за да дојдеме до целите на ефикасен кривичен прогон“, порача Хаџи Василева во „Клик Плус“ на ТВ21.
А.Ѓ.
Фото ТВ21