Македонија

Обвинителството предлага затворскиот притвор за Бектеши да се замени со куќен

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Кочани доставило предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени за трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија. За 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен […]

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Кочани доставило предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени за трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија. За 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот, соопшти Јавното обвинителство.

Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика, се додава во соопштението. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди.

„Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлозите на обвинителството ќе одлучува Судот“, соопшти Јавното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top