Македонија

Од АРМ се огласија со детали по веста дека дрога е најдена во ранецот на припадник од Армијата

Поведена е соодветна постапка

Од Армијата на Република Македонија се огласија во врска со објавена содржина денес во дел од медиумите со наслов „Дрога најдена во ранецот на припадник од Армијата“.

Од АРМ ги открија деталите за случајот:

На ден 12.02.2026, е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.

По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода.

По целосното комплетирање на случајот против припадникот на Армијата е поведена соодветна постапка.

Како за овој случај, така и во иднина, Армијата со уште поголем интензитет ќе продолжи да презема мерки и активности за превенција и спречување на вакви појави.

-Армијата е институција изградена врз принципите на професионалност, дисциплина и интегритет и нема место за лица кои со своето однесување го нарушуваат угледот на институцијата и ја дискредитираат со лични постапки. Секое несовесно и недолично однесување ќе биде санкционирано согласно важечките правила и процедури. Дополнително, Ве информираме дека согласно принципите за транспарентност на Армијата, а по барање на одредени медиуми, јавноста на ден 17.02.2026 беше информирана за наведениот случај, велат од АРМ.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

Тошковски: Стојанче Јовановски, сопругот на починатата, која се фрли со ќерката од зградата, имал обемно криминално досие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

To top