Македонија

Од силен ветер падна дел од лимен покрив на зграда во центарот на Куманово

Среќна околност било тоа што немало повредени граѓани, дотолку повеќе што дел од лимената кровна конструкција паднал и на пешачкиот премин – „зебрата“ во центарот на Куманово!

Денес претпладнето од силниот ветер претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.

Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.

„Со наша механизација се расчистува лимениот покрив.“ – изјави Сашо Томиќ, директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“. 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top