Македонија

Од ВРЕДИ бараат двајца да влезат на местата на Меџити во Влада

Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер и сметаат дека ВРЕДИ покрај Беким Сали треба да предложи едно име плус

Одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата, вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, изјави дека в ВРЕДИ се согласни дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде Беким Сали.

Но, тој рече дека Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер.

„Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение“,  рече Фетаи.

Мицкоски: По заминувањето на Меџити, ВРЕДИ нема да добие ресор повеќе

 

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top