Македонија

Одземено земјиште на Мијалков се продава по почетна цена од 5 евра квадрат

Земјиштето се наоѓа во Морани, Општина Студеничани, во местото викано Долно Поле, а огласот трае до 9 декември

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на огромна парцела од 56.818 метри квадратни, одземена од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Почетна цена е 277.161 евра, или по 5 евра од квадрат.

Овој имот беше одземен од Мијалков за случајот ,,Империја”, пишува Фокус

Земјиштето се наоѓа во Морани, Општина Студеничани, во местото викано Долно Поле.

Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајки од 25 ноември и ќе трае до 09 декември. Наддавањето пак е закажано за 12 декември.

Продажбата на конфискуваниот имот од точка 1 од овој Заклучок, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Биро за процени бр. СВ V- 3/25-8 од 25.03.2025 година, во износ од 17.045.421,00 денари, се наведува во огласот на Агенцијата.

Истиот имот неколку пати беше огласен за продажба и во 2023 година, но немаше заинтересирани купувачи. Тогаш почетната цена беше намалена за една четвртина, но продажбата не била успешна.

Најнови вести од: Македонија

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани: Ноќеска на официјалната страница на претседателката објавени имињата на настраданите

До крајот на животот ќе ја помнам сликата од утрото по трагедијата: пред болниците беа родителите и блиските, а внатре започна лекарската битка за животите на нивните деца!

To top