Македонија

Охрид и Струга стравуваат од можен дебакал на туристичката сезона!?

Два тур-оператори од Полска и еден од Холандија, во пет до дванаесет ги откажаа аранжманите за летување во Охрид, а со тоа и чартер авионите со кои пристигнуваа. Станува збор за триесеттина илјади туристи, кои се очекуваат да пристигнат во Охрид, објави Алсат. „Секако дека е за загрижување тоа што веќе има најави за некои […]

Два тур-оператори од Полска и еден од Холандија, во пет до дванаесет ги откажаа аранжманите за летување во Охрид, а со тоа и чартер авионите со кои пристигнуваа.

Станува збор за триесеттина илјади туристи, кои се очекуваат да пристигнат во Охрид, објави Алсат.

„Секако дека е за загрижување тоа што веќе има најави за некои откажувања. Не знаеме што ќе биде со сезоната со тие странски туристи кои доаѓаа организирано со чартер летови многу години наназад. Дали ќе има некакво влијание овие откажувања или не, дали бројките ќе се истите од минатите години или се слични неможеме да кажеме“ – Јаким Маленко-туристички работник.

„За жал не откажаа само Полјаците, има голем број на групи кои или се на стенд бај или ги намалуваат бројот на гости во секоја група или комплетно откажуваат. Се чувствува разлика во однос на минатата година и во однос на бројот на ноќевања и квалитетот на туристи кои доаѓаат“ вели Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top