Македонија

ОМО Илинден Пирин: Немало Македонец кој не верувал дека ќе дојде до триумф на идејата Македонија на Македонците

Македонците во Бугарија пред стотина години знаеле дека еден ден Македонија ќе биде на Македонците

Партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин објавува текст од весник во кој пред стотина години било порачано дека нема Македонец кој не верува дека ќе дојде до триумф на идејата Македонија на Македонците.

Во објавата со наслов ,,ОКОВИТЕ НА ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЈА” визионерски се вели дека целта на крајот ќе биде остварена.

“Сите наши спомени се поврзани со ужасните, но херојски денови на Востанието на нашата Татковина-маченица . Овие спомени се пренесуваат на идните генерации за да го формираат синџирот на Македонската ослободителна борба, чија највисока манифестација се наоѓа во Илинденската епопеја, и за која нема Македонец кој не верува дека ќе заврши порано или подоцна со триумфот на идејата што ја создаде нашата револуција: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!”, стои во текстот реобјавен од ОМО Илинден Пирин во чест на 123 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top