Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41% од купувачите, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Европа, пак , повеќе од една третина или 35,4% од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација.

Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%). Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-куоувачите. На побавна испорака од очекуваното, се пожалиле една петина од анкетираните (19,9%).

Вториот најчест проблем е тоа што веб-страницата од која купувале била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), а трет била испораката на неточни или оштетени стоки или услуги (10,4%).

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top