Македонија

Онлајнмедиа.мк остро ја осудува политичката пресметка на СДСМ со медиумите и јавното навредување новинари

Со своите досегашни јавни напади врз медиуми и новинари СДСМ всушност покажува дека засега нема доволен капацитет за демократско политичко дејствување.

Здружението Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел се членови на здружението Онлајнмедиа.мк.

Ниту една политичка партија во Македонија не смее јавно политички да се пресметува и не смее јавно да дискредитира, ниту еден медиум, ниту пак новинар.

Кај СДСМ се бележи загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка, јавно дискредитирање, јавно етикетирање и јавно навредување на медиуми, на цели новнарски редакции, и на повеќе новинари.

СДСМ мора да се надмине и да разбере дека критиката до нив како политички субјект, а упатен од медиумите и новинарите е сосем легитимно нешто и всушност треба да ја разберат позитивно, како забелешка за нивната работа и дејствување како политичка партија. – реагираше Здружението Онлајнмедиа.мк 

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top