Македонија

Опаѓа бројот на нови случаи на Западнонилска треска, двајца се критични

Најголем број хоспитализации бил забележан на 12 август, кога на болничко лекување биле 24 пациенти. Според податоците, мажите заболуваат 3,7 пати почесто од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

На Клиниката за инфективни болести, во моментов се хоспитализирани 19 пациенти со западно-нилска треска, од нив двајца се во тешка состојба, а тројца се екстубирани, информираше денеска директорот на Клиниката Фадил Цана.

  • „Кај нас во одделот за интензивна нега се 5 пациенти, од кои сите беа со тешка клиничка слика. Тројца се екстубирани, кај нив е значително подобрена клиничката слика. Но, тоа е динамичен процес, очекуваме дека брзо ќе бидат опоравени, па засега остнуваат на респиратор двајца пациенти кои се доста во тешка здравствена состојба. Потешките пациенти се во напредната возраст и се пациенти кои имаат многу други придружни заболувања и сите се мажи, сите се над 60 годишна возраст“, информира Цана.

Министерот Сашо Клековски кажа дека има евидентирано вкупно 55 случаи на западно-нилска треска, од кои 53 се потврдени, а два не се.

  • „Од нив еден е без хоспитализација, 52 беа хоспитализирани. Процентуално, смртноста досега е 11,5 отсто, просечното траење на лекувањето е 14 дена, најкраткиот испис е 8 дена. Врвот на оптовареност бил на 12 август кога имало 24 хоспитализирнани“, кажа Клековски.

Од Министерството за здравство посочуваат дека податоците за бројот на заболени и излекувани, како и мапирањето на случаите по општини, ризичните водни површини и спроведените третмани, се јавно достапни на платформата healthalert.mk.

Најнови вести од: Македонија

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку одделна и самостојна македонска нација

To top