Македонија

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

Во организација на Министерството за локална самоуправа денес се одржа практична работилница на тема: „Презентација на постапката за поднесување барање за поддршка од општините во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините“. Работилницата беше наменета за претставници на општинската администрација, со цел нивно практично запознавање со дигиталната алатка, процедурите за поднесување барање за поддршка и начинот на евалуација на испорачаната поддршка кон општините.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, упати апел до општините активно и рационално да ги користат расположливите механизми за поддршка.

  • „Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините,“ истакна министерот Перински и додаде „Станува збор за процес што заеднички со вас ќе продолжиме да го градиме, унапредуваме и прилагодуваме, водени од вашите реални потреби и искуства од секојдневното работење“.

Тој нагласи дека Владата останува силно посветена на поддршка на општините преку инвестиции, јакнење на капацитетите и обезбедување практични алатки што ќе придонесат за поефикасна локална администрација и поквалитетни услуги за граѓаните. Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на соработката со општините.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top