Македонија

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниотодбор на УНИБанка

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г. е дел од највисокиот раководен тим на Банката.

Станува збор за врвен банкарски професионалец соповеќе од 20 години работно искуство во финансискиотсектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.

Почестен сум од довербата да бидам именуван зачлен на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката, како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус,  истакна г. Ваташки.

Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија,  како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија, која е дел од Bayern LB Германија, како Раководител на ОдделениеПроблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематичниактиви.

Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематичнипласмани, Картично работење и Кредитнаадминистрација.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.

Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

To top