Македонија

УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници – Инвеститорите добиваат добра опција за вложување!

УНИБанка АД Скопјe ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.  Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со по единечнано минална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра.  Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% […]

УНИБанка АД Скопјe ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. 

Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со по единечнано минална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра.  Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% на годишно ниво, а која ќе се исплаќа полугодишно на секој шест месеци.

Со издавањето на овојкапитален финансиски инструмент, Банката дополнително ќе го зголеми потенцијалот за кредитна поддршка на своите клиенти, правни и физички лица кои имаат потреба од средства.

Обврзниците немаат рок на доспевање, а каматата ќе се исплаќа од добивката на Банката расположлива за распределба.

За инвеститорите можноста да се поседува перпетуалниобврзници од УНИБанкаАД Скопјепретставува можност да се оствари соодветен годишен принос на инвестираните средства, а притоа како иматели наобврзници да имаат приоритет во исплатата на добивка во однос на имателите на акционерски капитал на банката. За пазарот на капитал, издавањето на оваа обврзница претставува збогатување на понудата на инвестициски можности, додека за УНИБанкаАД Скопје претставува значаен придонес кон успешен и просперитетен финансиски систем.

100% од емисијата е за познати купувачи, а  за перпетуалнитеобврзници не постојат ограничувања и со нив може да се тргува на секундарниот пазар на хартии од вредност откако ќе бидат официјално котирани на Македонска берза

УНИБанка АД Скопјеи во 2025 година продолжи состабилни и позитивни финансиски резултати, реализирајќи добивкаод 3,3 милиони евра (203 милиониденари) вопрвотополугодиеод 2025 година. Акциите на УНИБанкаАД Скопје веќе неколку години се меѓу најатрактивните акции на пазарот,што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите и инвеститорите, како и од штедачите и деловните субјекти.Сигнал за инвеститорите дека и во иднина вреди да бидат дел од УНИБанка АД Скопје е нејзиниот доследен раст, стабилното работење и исплатливите резултати, кои укажуваат на сигурна и перспективнаиднина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top