Македонија

УНИБанка со изменети и намалени надоместоци за физички и правни лица

Со оваа одлука Банката покажува прилагодливост кон потребите на клиентите

Во пресрет на приклучување кон СЕПА платежна област(единствена област за плаќање во евра за физички и правнилица), следејќи ги барањата на клиентите, како и препораките на Народна банка на РСМ, УНИБанка АД Скопје изврши измена во тарифите на меѓународните плаќања преку СЕПА, а истовремено ги намали и надоместоците за користење на услугите во МИПС, како за физички така и за правни лица.

Со оваа одлука Банката покажува прилагодливост кон потребите на клиентите, а истовремено ги следи и почитува институционалните препораки.

Кај клиентите правни лица повеќекратно се намалени просечните тарифни провизии за плаќањата во СЕПА во однос на постоечките тарифни ставки, соодветно се прилагодени надоместоците и во пакетите за правни лица, со што стануваат уште поатрактивни за клиентите.

Пакетите за правни и физички лица вклучуваат најчесто користени банкарски услуги и плаќања во една цена и истите се прилагодени согласно потребите и големината на клиентот.

За физичките лица кредитните трансфери во СЕПА започнуваатод 1 еур, Банката не предвидува надоместоци за приливи, вклучително и по основ на странски плати и пензии.

Приклучувањето кон СЕПА ќе овозможи побрзо, поевтино и поефикасно извршување на плаќања во евра, како на национално, така и на прекугранично ниво. Банката периодов интензивноработи на сите неопходни процеси со цел да им ја овозможи насвоите клиенти услугата СЕПА кредитен трансфер, која ќестартува на 7ми октомври 2025 година, од кога стартува и измената на тарифата.

Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери кон сметки во други банки преку платниот систем МИПС, со намалување и до 40% на трансферите извршени преку електронско банкарство.

Со измените на тарифните надоместоци УНИБанка ја поддржувадигитализацијата на платниот промет во земјава, ги стимулираграѓаните и компаниите да преминат на електронски плаќања, и воопшто придонесува кон воспоставување на еден поефикасен и поевтин платен промет. Потврдува дека е современа европскабанка и партнер на своите клиенти во секоја фаза од нивниотразвој, како локално така и на меѓународно ниво.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top