Македонија

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Експертот по надворешни работи и политики со анализа

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи во статус напишан на албански и англиски јазик и објавен на Фејсбук, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за поткопување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, наведувајќи три главни причини кои, според него, го одржуваат овој курс стабилен. Но, и објави тврдење дека околу 250 илјади македонски граѓани поседуваат бугарски  пасош.

Македонскиот пасош се искачи на 37. место на „Хенли Паспорт Индекс“

„Постојат три причини кои дејствуваат истовремено и го прават овој курс стабилен“, објави Османи.

Според него, првата причина е поврзана со надворешното влијание.

„Оваа влада е формирана со поддршка на европска политичка елита скептична кон ЕУ, позната како канал на руско влијание во рамките на Унијата. Оваа поддршка нема за цел да ја забрза интеграцијата, туку да ја ослабне и релативизира на Балканот“, нагласува тој.

Како втор фактор, Османи го спомена недостатокот на внатрешна политичка противтежа.

„Албанскиот фактор историски бил гаранција за евроатлантската ориентација. Денес, со заробена и бестежинска репрезентативност како ВЛЕН, оваа противтежа недостасува. За првпат, нема вистински отпор кон овој курс“, посочува Османи.

Во меѓувреме, третата причина е поврзана со однесувањето на електоратот.

„Околу 250 илјади граѓани добија бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ. Тие ги имаат придобивките, без да бидат заинтересирани за трошоците за реформите. Кога електоратот ќе го добие „морковот“, тој не бара „стап“, смета екс-министерот.

Како заклучок, Османи оценува дека сегашната ситуација не е случајна.

„Во оваа комбинација – притисок однадвор, вакуум одвнатре и недостаток на притисок од долу – блокадата на интеграцијата не е случајна. Тоа е резултат на нова политичка рамнотежа“, заклучува поранешниот шеф на македонската дипломатија.

https://www.facebook.com/share/1BjYqhjVH7/?mibextid=wwXIfr

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Двајцата премиери разговарале и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем.

(Фото): Кога Скопје ќе го добие долгонајавуваниот БРТ транспорт?!

Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на современи нископодни автобуси на CNG или хибриден погон, воведување паметни станици и интегриран систем за управување со сообраќајот.

To top