Македонија

„Основачот на УЧК“ Али Ахмети и „Здружението на косовската УЧК“ се „согласија“: протест „против Хаг“ ќе има и во „Скопје на Албанците“ во декември!

„Претседателот на Демократската унија за интеграција и еден од основачите на “Ослободителната национална армија“ – УЧК Али Ахмети, денес во Приштина беше примен од претставници на Организацијата на воени ветерани на Косово. Двете страни се согласија дека следниот протест против неправдите ќе биде организиран во Скопје, како продолжение на општествената и политичката мобилизација.“ – објави […]

„Претседателот на Демократската унија за интеграција и еден од основачите на “Ослободителната национална армија“ – УЧК Али Ахмети, денес во Приштина беше примен од претставници на Организацијата на воени ветерани на Косово. Двете страни се согласија дека следниот протест против неправдите ќе биде организиран во Скопје, како продолжение на општествената и политичката мобилизација.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“

Натаму во информацијата порталот наведува: За време на средбата беа разгледани актуелните прашања што ги засегаат Албанците во регионот, како и натамошните чекори во контекст на спротивставувањето на неправдите што, според организаторите, им се прават на поранешните учесници во војната и на албанските граѓани. Организацијата на воени ветерани на Косово – УЧК соопшти дека протестот има за цел да биде сеопфатен и мирен, поканувајќи ги граѓаните и албанските организации да учествуваат. – објави „Алмакос“.


Инаку, на 30 октомври 2025 година најавувајќи го протестот во македонската метропола против судењето во Хашкиот трибунал на четворицата некогашни водачи на поранешната „Национална ослободителна армија“ – УЧК од Косово, Хисни Гуцати, претседателот на „Организацијата на воени ветерани“ на косовската УЧК најави: „Ќе одржиме мирен протест и во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа-Албанци.“

Како што имаше објавено информативниот портал на албански јазик „Актуале“, Гуцати кажа: „Последниот протест за оваа година ќе биде во декември во Скопје на Албанците. Нема да бидеме причина некој утре да ни каже дека здруженијата на војниците на УЧК дошле во Скопје и оти направиле погрешен потег. Не, ќе одржиме мирен протест во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа Албанци.“

Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово веќе одржа протести во Приштина, Хаг, Тирана, Стразбур против судењето во Хашкиот трибунал. Лидерот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на протетот во Тирана.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Палмер: Жално е што Бугарија е во позиција да го блокира Скопје за ЕУ

Билатералните спорови не треба да го попречуваат пристапниот процес и очекува поактивна улога од Брисел и од клучните земји членки, вели поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер

Богојески пак ја шокира јавноста: „Хистерични кучкарки“, „комунистичка левичарска багра“ и „левичарска булумента“ (ВИДЕО)

На своите политички и идеолошки противници им ја припишува одговорноста за порастот на убиствата на жени, а тие кои протестираа ги обвини дека заработуваат од странски фондации и амбасади

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top