Македонија

Осум возила се судриле утрово на автопатот Штип-Миладиновци (ВИДЕО)

Нема детали за евентуално повредени лица

Oсум возила учествувале во сообраќајка што се случила утрово на автопатот Штип–Миладиновци, информираат од Министерството за внатрешни работии.

Утрово околу 07:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека по наплатната станица „Преод“, во насока кон Скопје, дошло до судир меѓу осум возила.

Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека возилата се излизгале, а граѓани во коментарите посочуваат дека на коловозот имало голомразица, што најверојатно придонело за несреќата.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, кои вршат увид и работат на утврдување на околностите под кои се случила несреќата. Засега нема повеќе детали за евентуално повредени лица.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top