Македонија

Осуммина повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово

Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане.

Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило мерцедес со австриски регистарски ознаки и патничко возило БМВ со тетовски регистарски ознаки.

„Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово“, информира СВР Тетово.

Поради вршење на увид, сообраќајот синоќа до 23:00 часот се одвиваше по една коловозна лента.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top