Македонија

Отфрлена жалбата за декларацијата на Советот на Благоевград против македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

Прогласувањето на македонската нација за вештачка во декларацијата не било дискриминација врз основа на убедување и етничка припадност

Административниот суд од Благоевград ја потврди одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација во врска со декларацијата на Советот на Општината против отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, оценето во неа како антибугарска манифестација.

Декларацијата беше усвоена од општинските советници на 7 октомври 2022 година со 25 гласа „за“, 4 „воздржани“ и ниту еден „против“ и во неа се нагласува дека за општинските советници бил „неспорен историски факт оти македонската нација била вештачки создадена во 1934 година, дека единствената причина за нејзиното постоење била да ѝ служи на интересите на болчевичката партија, на Советскиот сојуз и на целите на туѓа држава“.

„Уште повеќе, за нас како Бугари и жители на Пиринска Македонија е исклучително голема навреда и провокација на еден голем бугарски поет како Никола Вапцаров да му се насадува туѓ национален идентитет. Водени од сето тоа, ние од Советот на Општина Благоевград сметаме дека создавањето на конректниот центар во нашиот град е груба провокација и демонстрација од страна на нелегитимни организации за нашето право“, се додава во декларацијата, во која се оценуваат како „грубо газење на Уставот и на законите на Бугарија сите дејства за создавање организација во која група луѓе се самоопределуваат како ‘малцинство’ во нашата национална држава“.

И покрај декларацијата на општинскиот совет, клубот беше отворен на 30 октомври таа година во присуство на тогашниот лидер на македонската опозиција, а сега премиер Христијан Мицкоски, како и на претставници на кабинетот на претседателот.

„Целта на идејата е да изградиме мост меѓу бугарскиот и македонскиот народ преку границата, сакаме да поминуваме без граници во преносна смисла. Финансирањето на клубот е од наши сонародници од Канада. Многу улици го носат името на Никола Вапцаров, тој е јавна личност и не би требало да има проблеми со тоа“, изјави Атанас Мазнев, еден од иницијаторите за отворањето на клубот, кој постоеше осум месеци, по што сопственичката на просторот одби да го продолжи истечениот договор за наем од 300 лева (150 евра – н.з.) месечно.

Во март 2023 година Мазнев и соработниците поднесоа жалба до Комисијата за заштита од дискриминација за антимакедонската декларација на Советот на Благоевград, која таа ќе ја одбие на 5 септември 2024 година со образложение дека не е извршена дискриминација врз основа на убедување и етничка припадност.

Одлуката на Комисијата е обжалена пред Административниот суд во Благоевград, кој ја отфрли како неоснована, а против решението на судијата Димитар Думбанов може да се вложи жалба до Вишиот административен суд.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top