Македонија

Откако илјадници Македонци останаа без пари Витанов отвара нов бизнис со иста идеја

Нов проект за стари будали, стара идеја за нови будали или сега ќе биде се како што треба без измами

Откако илјадници Македонци останаа без пари по вложувањето во Лајконет Македонија која што пропаѓа заедно со австриската фирма мајка главниот промотор на сега блокираната форма Зоран Витанов отвара нов бизнис со иста идеја, објави Пари.мк.

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја менуваме патеката. Јас сум со вас и пред вас – и нема да ве водам таму каде што не би одел сам“ – им порача Зоран Витанов на членовите на Лајконет Македонија.

Во поопширната вибер порака Витанов појаснува дека веќе се работи на пронаоѓање одржлив, етички и профитабилен бизнис модел „каде што повторно ќе можеме да работиме со чиста совест и гордост на идејата која плени: здружена заедница на трговци и купувачи“. Воедно, повикува да не се обвинуваат меѓусебно, туку да ги разгледаат можностите и да поведат заедничка постапка за заштита на „сите маркетери“.

Откако странските медиуми минатата недела известија дека банкротот е неизбежен за MyWorld International AG, внимението е насочено и кон Витанов, иако Мај Ворлд Македонија е под раководство на Радован Витошевиќ. Познато е, Витанов ја предводи Лајконет Македонија и е долгогодишен претставник на Лајконет Аустриа ГмбХ, кој е засегнат од стечајот. А, во нејзини рамки е и Лајконет Македонија.

Пари ги побарал и Витошевиќ и Витанов. На повикот одговорил само Витанов, кој нагласил дека е оштетен и дека ќе покрене соодветна правна постапка.

Витанов најавува дека во тек е собирање информации за поведување постапка за заштита на сите маркетери. Исто така, нагласува дека добрата страна во целата приказна се маркетерите, односно мрежата.

Притоа, вели, најзначајна е идејата – да се заработува додека целиот свет пазарува, помагајќи им на потрошувачите да добијат најповолни цени, а на трговците нови и лојални купувачи.

„Оттука, веќе размислувам за отворање на наш бизнис со истата идеја, но базиран на шопинг и аванси исклучиво условени со веќе реализирани купувања. Бизнис планот покажа голема профитабилност, што не ме изненади. Деновиве собирам понуди од софтверски компании за изработка на апликација, CRM и веб-страна. Кога ќе ги имаме сите бројки и ако бројките се охрабрувачки, ќе бидете поканети да се вклучите и како со-основачи“, стои во обраќањето на Витанов кое завршува со констатација и со прашање: „Всушност, нашиот тим го воздигна овој бизнис. Зошто да не биде и бизнисот наш?“.

Целата информација за новиот проект кој еднаш пропадна на штета на илјадници наивни луѓе на Пари.мк

На насловната фотографија Витанов е со основачот на шемата која сега пропаѓа.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top